Кремљ ја поздрави „мудроста“ на Елизабета II, Путин не доаѓа на погребот  

Рускиот народ „длабоко ја почитува“ кралицата Елизабета Втора, нејзината „мудрост и авторите“, објави во петокот Кремљ по смртта на британската кралица и додаде дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на нејзиниот погреб.

„Такви квалитети сега се многу ретки на меѓународната сцена“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на редовниот дневен брифинг со новинарите во петокот.

Песков додаде и дека претседателот Путин не планира да присуствува на погребот на кралицата кој ќе се одржи по десет или единаесет дена во Лондон.

„Не се разгледува таа опција“, рече Песков додавајќи дека засега не се знае дали некој претставник на руската влада ќе присуствува на погребот, бидејќи сѐ уште не се соопштени ниту поединостите.

„Сето тоа сѐ уште на овој или оној начин да биде објавено од кралската служба и властите на Обединетото Кралство“, појасни портпаролот на Кремљ.

Рускиот претседател Путин во четвртокот, кога беше објавена смртта на кралицата Елизабета Втора, ѝ оддаде почест на кралицата и му изрази сочувство на нејзиниот син, новиот британски монарх Чарлс Трети

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави во петокот дека кралицата Елизабета Втора е „симбол на историските традиции“ за цела Европа.