![Дмитриј Песков](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/Dmitri-Peskov.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Извештаите на западните медиуми за наводен телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се невистинити, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Немаше разговор“, рече тој. „Ова е целосно невистина. Tоа е чиста фикција“, додаде Песков.
Тој ги опиша извештаите на „Вашингтон Пост“ и „Ројтерс“ за наводниот телефонски разговор како „највпечатлив пример за квалитетот на информациите што се објавуваат во денешно време, понекогаш дури и од доста почитувани медиуми“.