
Зборовите на американскиот претседател Џо Бајден со кој рускиот претседател Владимир Путин го нарече „воен злосторник“ претставуваат „неприфатлива и непростлива“ реторика, изјави во средата вечерта портпаролот на Кремљ, Владимир Песков.
„Сметаме дека е неприфатлива и непростлива ваквата реторика на еден шеф на држава од чиишто бомби загинаа стотици илјади луѓе ширум светот“, изјави Песков.
Бајден во средата првпат од почетокот на руската офанзива Путин го нарече „воен злосторник“. „Тој е воен злосторник“, рече Бајден кусо на прашање на новинардка додека заминуваше од собир во Белата куќа посветен на прашањето на семејното насилтво во САД.
„Претседателот одговори од срцето и врз основа на она што го видовте на телевизиите, односно варварските дела на бруталниот диктатор“, изјави подоцна портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Додаде дека „правен процес е во тек во Стејт департментот“ поврзано со правната квалификација на „воените злосторства“ на Русија во Украина.
Досега ниеден американски функвионер јавно не го изговори терминот „воен злосторник“ или „воено злосторство“, за разлика од политичари во други држави или од организации.
Точно пред една година, на 17-ти март 2021-та, Бајден изрече квалификација без преседан кога станува збор за шеф на некоја држава, потврдно одговарајќи на новинарско прашање „дали го смета Путин за убиец“.
Путин тогаш возврати дека е свикнат на разни обвинувања, а коментирајќи ја изјавата на Бајден му посака добро здравје, во врска со неговите неколку инциденти и падови, потсетувајќи го на детската изрека дека самиот за себе зборува. Подоцна рускиот челник изјави дека америакнскиот претседател му се јавил по таквата изјава и се разјасниле.
Според извадокот од книгата „Peril“ на америкаснкиот новинар Боб Вудводр, во текот на споменатиот телефонски разговор кој се одржал на 13-ти април 2021 година, Бајден му рекол на Путин дека изјавата за „убиец“ била ненамерна.