Кремљ во средата ја отфрли како уште една во низаната дезинформации на украинската воена разузнавачка служба и нејзините западни ментори дека припадниците на руската приватна компанија „Вагнер“ имале намери да набават нуклеарни уреди и направи во текот на помалку од 24-часовниот неуспешен бунт на 24-ти јуни.
Челникот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов, вообичаено без да изнесе докази, изјави дека борците на „Вагнер“ стасале до нуклеарна постројка на 24-ти јуни и дека имале намера да набават мали нуклеарни направи од советската ера за да ги „зголемат влоговите“ во својот бунт, пренесе Reuters.
„Кремљ не поседува такви информации. Се чини како уште еден од низата дезинформации“, изјави портпаролот Дмитриј Песков на редовниот дневен брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ одговарајќи на прашањето за тврдењето дека борците на „Вагнер“ стасале до нуклеарната база „Вороњеж-45“ за да се обидат да дојдат до нуклеарните средства.
Британската агенција Reuters пишува, пак, дека неименуван „извор близок на Кремљ со воени врски“ наводно потврдил делови од исказот на Буданов.
Меѓутоа, на денот на бунтот и самата агенција известуваше дека колоната борци на „Вагнер“ која тргана од Ростов на Дон кон Москав ги одминале градот Вороњеж и истоимената област.
Сега, пак, Reuters пишува дека тешко вооружениот конвој на „Вагнер“ наводно „успеал да стаса во зоната од посебен интерес, поради што Американците се вознемириле, бидејќи таму е складирана нуклеарна муниција“, рекол нивниот наводен извор без да наведе дополнителни поединости.
Во одговор на прашањето за тоа дали единиците на „Вагнер“ стасале до базата и се обиделе да набават нуклеарно оружје, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Ходџ изјавил „Не можеме да го потврдиме овој извештај. Во ниеден момент немавме знаци дека нуклеарното оружје или материјали биле во опасност“.
Тоа се совпаѓа со минатонеделната изјава на челникот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс, инаку поранешен амбасадор на САД во Москва, дека во текот на кризата со бунтот на „Вагнер“ имало сигнали за нуклеарна закана, одговарајќи на прашањето дали во тие денови контактирал со руската страна.
Истовремено во средата руското Министерство за одбрана објави дека приватната воена компанија „Вагнер“ речиси го завршила процесот на предавање на вооружувањето на вооружените сили на Руската Федерација.
Платениците веќе предале повеќе од две илјади парчиња опрема, вклучувајќи тенкови и проектили, како и 2.500 тони разновидна муниција. Тоа е дел од договорот што „Вагнер“ и Кремљ го постигнаа за ставање крај на бунтот на борците на Евгениј Пригожин.