Кремљ ги поздрави разговорите меѓу претседателите на Украина и Кина, но целите на Русија остануваат исти

Кремљ во четвртокот соопшти дека поддржува сѐ што може да доведе до крај на конфликтот со Украина, мислејќи на телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сепак, од Кремљ порачаа дека сè уште треба да бидат постигнати целите на, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина.

Челниците на Кина и Украина зборуваа во средата првпат откако Русија ги испрати своите воени сили во Украина минатиот февруари. Киев со месеци јавно бараше такви разговори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е запознаена со деталите од разговорите меѓу двајцата претседатели и додаде дека нивните позиции за конфликтот се добро познати.

„Подготвени сме да прифатиме сѐ што би можело да го доближи крајот на конфликтот во Украина, како и постигнувањето на целите што Русија си ги поставила“, коментираше Песков на нивниот телефонски разговор.

„Што се однесува до тоа што тие комуницираа – тоа е суверена работа за двете земји и прашање на нивниот билатерален дијалог.

На прашањето дали Русија и Кина разговарале за враќање на Украина на границите од 1991 година за време на неодамнешната посета на кинескиот лидер на Москва, Песков рече дека „нема дискусија за тоа“.

Украинскиот претседател зеленски изјави дека разговорот со неговиот кинески колега по должност бил многу продуктивен и дека тоа е многу позитивен почеток на идните односи.