Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во саботата дека Москва ги споделува клучните ставвови од африканскиот мировен план за војната во Украина, но агенциите ја пренесоа изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рекол дека планот е тешко остварлив.
Песков за медиумите изјавил дека Русија ќе го продолжи дијалогот со африканските земји чиишто претставници ги изнесоа своите предлози претходно во саботата пред рускиот претстедател Владимир Путин во Санкт Петербург, откако претходно во петокот со нив го запонаа во Киев и украинскиот претседател Володомир Зеленски.
„Путин покажа интерес за планот“, рекол Песков.
Лавров рекол дека африканските челници за Путин не донеле никаква порака од Зеленски, со кој се сретнаа ден претходно.
Африканските земји планираат да ги продолжат своите обиди за пронаоѓање решение на судирот меѓу Русија и Украина, а прекинот на огнот би отворил пат за „сериозни преговори“, изјави во саботата египетскиот премиер Мустафа Мадбули.
„Ќе ги продолжиме своите залагања да ја постигнеме крајната цел на нашите искрени желби: да воспоставиме мир меѓиу двете завојувани страни“, ги цитираше агенцијата ТАСС зборовите на Мадвули упатени до рускиот претседател Путин на состанокот во Санкт Петербург.
Мадбули беше дел од делегацијата на африканските челници кои се сретнаа со Путин за да му ги претстават предлозите за деескалација на судирот и доведување на двете страни на преговарачката маса. Во делегацијата беа и челниците и високи функционери на Јужноафриканската Република, Сенегал, Зембија, Уганда, Република Конго и островската земја Комора.