Кремљ оценува дека изјавите на Бајден може да предизвикаат нова војна во Украина

Кремљ во четвртокот порача и предупреди дека заканата на американскиот претседател Џо Бајден дека Русија ќе се соочи со потенцијални „разорни последици“ не помага за смирување на тензиите околу Украина и дека, напротив, би можелa дополнително да ја дестибилизира ситауцијата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја даде изјавата за новинарите акредитирани во Москва откако американскиот претседател Џо Бајден во средата предвиде дека Русија „ќе тргне на“ Украина и порача дека во случај на наводната инвазија ќе „плати голема цена“,

Запрашан за коментар на изјавата на Бајден, Песков рече дека Русија најмалку последниот месец е постојано изложена на такви закани.

„Убедени сме дека тоа на ниеден начин не придонесува за смирувањето на тензиите во Европа, туку напротив би можело да придонесе за дестабилизација на ситуацијата“, рече Песков.

„Заканите на САД за Русија би можеле да им дадат погрешни надежи ја некои украински лидери кои можеби ќе се решат да ја обноват граѓанската војна во земјата“, предупреди Песков.

И покрај спротиставените изјави од Киев, Песков потсети дека Москва стравува дека константните американски закани со нови санкции можат да ја охрабрат Украина на воено решение на осумгодишниот внатрешен судир со одметнатите доминатно руски југоисточни региони. Тие прогласија самостојност во март 2014 година по превратот во Киев помогнат од Западот, кога рускиот јазик беше исклучен како официјален јазик, беа сменети избраните регионални гувернери а на руското население му беше одземено правото дека е автохтоно.

„Сиве овие изјави можат да придонесат за дестабилизација на ситауцијата, бидејќи можат да предизвикаат сосема погрешни надежи во вжештените глави на некои претставници во Украина, во украинското водство, кое, како што велат, може да одлучи да започне нова граѓанска војна во нивната земја и насилно да се решат да го решат проблемот на југистокот“, рече портпаролот на Кремљ.

„Тоа нѐ загрижува“, рече Песков на брифингот со новинарите прашан за коментар на изјавите на Бајден дека евентуалната руска инвазија во Украина би биле катастрофа за Москва.

 

Позицијата за неприемот на Украина во НАТО

„Неприемот на Украина во НАТО во блиска перспектива не значи одбивање да се прифати Украина (во Алијансата) на среден рок. Од гледна точка на дијалектиката на развојот на меѓународните односи тоа е еден момент“, изјави Песков.

Истовремено портпаролот на рускиот претседател го истакна фактот дека сигналите од Вашингтон за подготвеност да се разговара за темата за нераспоредување оружје во Украина може да се нарече позитивен факт.

„Вашингтон и НАТО навистина сигнализираат одредена подготвеност да разговараат за некои прашања поврзани со оваа ситуација, што веројатно е на позитивната страна“, додаде Песков.

Според портпаролот на Кремљ, „сево ова доправа треба да се разјасни“, бидејќи позицијата на Москва за неприемот на Украина во НАТО е исто толку фундаментално за Русија како и самото прашање за нераспоредување стратешко оружје на територијата на оваа земја.

„Одговорите на овие прашања ќе ги дознаеме од писмените изјави кои ги очекуваме деновиве“, додаде Песков.

На прес-конференцијата во Белата куќа во средата, претседателот Бајден потврди дека е можно постигнивање договор со Русија за нерапосредување стратешко вооружување во Украина, истакнувајќи дека „веројатноста Украина да му се приклучи на НАТО во блиска иднина не е многу голема“, имајќи предвид дека властите во Киев „треба да вложат многу повеќе напори во однос на демократијата“ во земјата.