Кремљ призна: руската војска има значителни загуби, досега се убиени над 1.300 војници

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија претрпела „значителни загуби“ во Украина. „Имаме значителни воени загуби“, изјави Песков за Скај њуз „и тоа е голема трагедија за нас“.

Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави два дена подоцна дека најверојатно се убиени најмалку 10.000 руски војници.

Украинскиот Генералштаб објави информации за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 7 април.

Според тоа, загинаа 18.900 војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 150 авиони, 135 хеликоптери, 698 тенкови, 1891 оклопни возила, 332 артилерија, 108 системи за лансирање ракети и 55 системи за противвоздушна одбрана на Русите.