Кремљ: Разговори со САД и НАТО за безбедносните гаранции на Русија, но во друг формат

Дмитриј Песков изјави дека можеби ќе биде неопходно да се преобликува форматот на преговорите, додавајќи дека разговорите сигурно нема да бидат обновени во претходниот формат.

Нови разговори со Соединетите Држави и НАТО за предложените руски безбедносни гаранции можеби ќе бидат повторно побарани, но нема да се одржат во претходниот формат, изјави во вторникот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Се разбира, преговорите може повторно да бидат предложени, бидејќи ситуацијата драстично се промени. Се појавија нови детали“, рече Песков на брифингот со новинарите како одговор на прашањето дали разговорите за руските безбедносни гаранции треба да бидат затворени или обновени.

Песков изјави дека можеби е неопходно да се преобликува форматот на преговорите, додавајќи: „Mногу e мала веројатноста разговорите да продолжат во нивниот претходен формат“.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков минатата сабота изјави дека претходно предложените безбедносни гаранции за САД и НАТО повеќе не важат бидејќи ситуацијата е драстично променета.

На 17 декември 2021 година, руското Министерство за надворешни работи ги објави двата нацрт-договори на Русија за безбедносни гаранции, кои Москва ги очекуваше од Вашингтон и НАТО.

На 26 јануари, Соединетите Држави и НАТО го предадоа својот писмен одговор на предлозите на Москва за безбедносни гаранции. Американската страна побара текстовите на овие документи да не се објавуваат. Сепак, американскиот државен секретар Антони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги истакнаа нивните основни одредби. Овие изјави укажуваат на тоа дека Западот одби да направи фундаментални отстапки за Москва, но посочи области за понатамошни преговори.

Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари објави дека како одговор на барањето на шефовите на републиките во Донбас донел одлука да спроведе специјална воена операција во Украина со цел да ги заштити луѓето „кои страдаат од злоупотреба и геноцид од режимот во Киев осум години“. Рускиот лидер истакна дека Москва нема планови за окупација на украинските територии и дека операцијата има за цел демилитаризација и денацификација на Украина.