Кремљ реагира на француската објава за разговорот меѓу Путин и Макрон во врска со Донецк и Луганск

Рускиот претседател Владимир Путин не му кажал на својот француски колега по должност Емануел Макрон дека идејата за признавање на самопрогласените доминатно руски републики во Донецк и Луганск на истокот од Украина, нема да биде земена предвид, изјави во четвртокот Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Претходно францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, коментирајќи ги резултатите од телефонскиот разговор меѓу двајцата претседаетли, рекол дека Путин наводно на Макрон ми рекол дека иницијативата на руската Дума за признавање на самопрогласените источни украински републики нема да биде земена предвид. Шефот на француската дипломатија додаде дека во спротивно тоа би преставувало крај на Минските договори од 2014-та и 2015 година, во кои како посредници во индиректните мировни преговори меѓу бунтовниците во Донбас и властите во Киев се јавуваат Франција, Герамнија и претставници на Украина и на Русија.

„Секако, беше поставено прашањето за резолуцијата. И беше појаснето дека не станува збор за предлог-закон, туку за иницијатива и дека во моментов не постои никаков предлог-закон во врска со таа тема. Односно дека изгледа слично, но оти е сосема поинаку“, појаснил Песков за новинарите акредитирани во Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател цитирал и дел од разговорит меѓу двајцата шефови на државите, кои се зачувани во транскриптот по средбата.

„Путин: Ние немаме предлог-закон, никаков законски проект нема, тоа е иницијатива на Комунистичката партија на Руската Федерација. Тое е нивна инцијатува, а главната владејачка партија Единствена Русија не ја поддржа, но има таква иницијатива“, прецизирал Песков.

Портпаролот на Кремљ додал дека разговорот меѓу Путин и Макрон се одвивал пред гласањето во Думата, долниот дом на рускиот парламент, откако претходно во вторникот беше најавена таквата иницијатва.

„Важно е што тука, во изјавата на министерот (Ле Дријан), станува збор за искажување нијанси. А тоа е исклучително штетно во една ваква чувствителна и одговорна ситауција како што е сегашната“, истакнал Песков.

Портпролот на Кремљ, исто така, посочил и на тоа дека францускиот министер за надворешни работи открива во јавноста посединости од затворените разговори меѓу двајцата претседатела, што е надвор од практиката.

„Таквата практика, едноставно, во иднија ќе ги спречи челниците да разговараат во атмосфера на меѓусебна доверба, доколлу не бидат уверени дека сето она што е кажано нема по неколку дена да биде пуштено во медиумите. Тоа го ограничува нивните маневри во дискусиите по многу и за многу чувствителните теми. Ние никогаш не го откриваме содржините на таквите разговори“, додал Песков.

Претходно седмицава Думата гласаше за нацрт-резолуцја предлоќена од Комунистичката партија, со којашто се предлага обраќање до рускиот претседател во врска со неопходност од признавање на самопрогласените републики во Донецк и во Луганск. Како што изјави спикерот на долниот одм на рускиот парламент, Вјачеслав Болодин, документот веднаѓ била испратена до претседателот Путин.

Коментирајќи ја одлуката на големото мнозинство пратеници, Путин истакнал дека пратениците го изразуваат мислењето на своите гласачи, кои сочувствуваат и ги поддржуваат граѓаните во Донбас. Додаде дека ќе поаѓа од потребата за решение на конфликот во регионот, имајќи ги предвид нецелосните можности за спроведување на договорите од Минск.

Думата, долниот дом на рускиот парламент, во вторникот со големо мнозинство ја изгласа резолуцијата поднесена од Комунситичката партија со која од претседателот Владимир Путин се бара Русија да ја признае независноста на самопрогласените „народони републики“ во Донецк и во Луганск, со мнозинско руско и рускојазично население, кои осум години војуваат со силите под контрола на Киев по превратот од 2014 година кога новите украински прозападни власти именуваа неизбрани гувернери на овие региони, го укинаа рускиот јазик како службен и подоцна Русите во Украина и ги прогласија за неавтохтоно население.

Францискиот претседател Макрон истиот ден бараше да не ја признае независноста на двете самопрогласени републики, соопшти во вторникот вечерта Елисејскиот дворец.

„Рускиот претседател рече дека станува збор за парламентарната иницијата, којашто тој не ја одобрува. И во иднина ќе бидеме претпазливи и ќе го повикуваме да не го исполнува барањето на Думата“, истакнуваат од кабинетот на францускиот претседател.

Руските функционери пред почетокот на ескалацијата на тензиите со Западот во врска со Украина ја отфрлаа можноста од признавање на самостојноста на двата реагиоа. Претеседателот Путин минатата седмица во текот на средбата со фрацускиот колега Емануел Макрон побара Киев целосно да го почитува договорот од Минск од 2015 година, кој претпоставува голем степен на автономија за двата региона во областа Донбас кон границата со Русија, во однос на изборот на локалните власти и организирањето на безбедносната и сферата на образованието.

Се претпоставува дека резолуцијата на Думата, всушност, претставува дополнителен притирок врз Киев по објавата од вторникот утрото за почеток на повлекувањето на руските единици стационираи веќе два месеца во близина на границата со Украина.