Кремљ советуваше да се наместат часовниците „за да не се преспие инвазијата“ врз Украина

Рускиот амбасадор при Европската унија, Владимир Чижов, зајадливо во средата ги отфрли американските тврдења за наводно можен напад на Русија врз Украина токму денеска, а Кремљ иронично ги коментираше западните извештаи за наводната „претстојна инвазија“ и на Украинците им предложи да ги „наместат будилниците“ за да не ја „преспијат инвазијата“.

Британските таблоиди особено беа активни изминатите денови во одредувањето на точниот датум за наводната руска инвазија од Украина, па дури и прецизираа дека тоа ќе се случели во три часот ноќта во средата по локално време.

Конкретно за овој тајминг пишува The Mirror, повикувајќи се на извори од американските разузнавачки служби, чии службеници наводно таквите информации ги доставиле до дописниците на изданието во Киев. И таблоидот The Sun, исто така, повикувајќи се на американското разузнавање, објави дека „најверојатното време“ за почеток на рускиот напад е 3 часот наутро.

„Подобро ќе биде за нив да ги натокмат будилниците на тоа време и самите да се уверат“, изјави за агенцијата РИА, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи дали Украинците денеска треба да се загрижени или можат мирно да спијат.

Претходно американското издание Politico, повикувајќи се на информирани извори, објави дека американскиот претседател Џо Бајден во текот на видео-конференциски состанок со челниците на западните земји, Европската унија и НАТО, го посочил датумот 16-ти февруари како почеток на „руската инвазија“ врз Украина.

Песков коментирајќи ги овие тврдења рече дека таквите објави тешко може да се сфатата сериозно, како и дека рускиот претседател Владимир Путин на шега прашува дали некаде е објавено точното време на „почетокот на војната“.

 

„Не нападнавме во среда“

„Што се однесува до Русија, ве уверувам дека нема да има напад оваа среда. Ниту ќе има натамошни ескалации во следната седмица, ниту седмицата потоа, ниту следниот месец“, потенцира Чижов во коментарот објавен во среда во германскиот дневен весник Die Welt.

„Војните во Европа ретко почнуваат во среда“, додава на шега Чижов.

Американските финкционери деновиве изјавуваа дека Русија подготвува инвазија врз Украина пред завршувањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, а разузнавањето на САД дури го прецизираше наводниот напад за средата 16-ти февраури,

Чижов ги осуди американскките тврдења за можен напад врз Украина.

„Кога обвинувате, особено многу сериозни обвинувања против Русија, исто така сте одговорни да пружите докази. Во спротивно тоа е клевета. Па каде се доказите?!“, рече Чижов.

Амбасадорот повторно го повика Западот сериозно да ја разгледа загриженоста на Русија за нејзината и безбедноста во Европа.

„Кога нашите партнери конечно ќе ја сослушаат нашата легитимна загриженост, процесот на смирувае нема долго да се чека. Тоа ќе биде во интересот на сите Европејци од Лисабон до Владивосток, но и на другите држави во светот“, вели рускиот амбасадор.

Москва не се откажува од настојувањата да постигне обврзувачки договор за неширењето на НАТО кон руските граници што вклучува и неприем на Украина и Гризија во членство на пактот, како и неразместување на стратешки ракетни системи во близина на Русија.