Кремљ: Воената операција во Украина ќе трае додека биде потребно

Кремљ во четвртокот соопшти дека воената операција во источните делови на соседна Украина ќе трае колку што ќе биде потребно, зависно од нејзините „резултати“ и од нејзината „оправданост“, и оцени дека Русите ја поддржуваат.

Русија во четвртокот утрото започна воена операција, откако претходно челниците на проруските одметнати источни украински региони во Донецк и во Луганск побараа воена помош од рускиот претседател Владимир Путин обвинувајќи ги силите под команда на Киев дека по неколкудневното гранатирање се прегрупираат за напад.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Москва сака Украина да има „неутрален статус, да се демилитаризира и да ги отстрани нацистите“.

„Траењето на операцијата ќе биде одредено според нејзините резултати и нејзината оправданост. За тоа ќе решава врховниот командант (на вооружените сили претседателот Владимир Путин), рече Песков.

Уште еднаш негираше дека Русија сака да ја „окупира“ Украина и дека иднината е „прашање на изборот на украинскиот народ“. „Теоретски гледано, Украина треба да биде ослободена и исчистена од нацистите“, рече Песков.

Москва со години ги обвинуваат властите кои во Киев дојдоа по превратот во 2014 година со поддршка на Западот и кои се потпираат на стравовладеење наметнато од неонацистичката групација „Десен сектро“ дка организираат „геноцид“ на населението кои на југоистокот од Украина е доминатно руско и рускојазично. Киев веднаш го забрани рускиот како службен, што овој отсекогаш бил, на источните региони им наметнаа неизбрани туку именувани власти и на крајот ги прогласија за неавтохтоно население.

Песков, сепак, не одоговори директно на новинарското прашање дали Москва украинскиот претседател Владимир Зеленски го смета „нацист“..

„Решението за операцијата (во Украина) го наложи загриженоста за иднината на Русија“, којашто од ланскиот декември бара договор со САД и НАТО дека Алијансата нема да се прошири натаму на исток и во Украина, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ го спомена и „неутрализирањето на воениот потенцијал“ на Украина кои „во последниот период е силно зајакнат, во прв ред благодарејќи на делувањето на странски земји.

Песков воедно порача дека Москва е подготвена да разговара со украинските челници за овие барања, доколку тие се „подготвени за дијалог“.

Додаде дека Кремљ предвидел дека рускиот пазар „емотивно ќе реагира“ на оваа операција.

„Преземавме сѐ за тој емотивен период да биде што пократок“, рече Песков, додека рубљата во четвртокот бележеше пад на московската берза.

Покрај тоа, оцени дека земја како Русија „не може да биде изолирана на меѓународната сцена, и покрај западните закани“. „Секако, може да имаме проблеми со одреден број земји. Но со тие земји ги имавме и претходно“, додаде портпаролот на Кремљ.