Испораката од страна на САД на оперативно-тактичките ракети со долг дострел ATACMS на Украина нема да влијае Русија да ги оствари своите поставени цели, изјави во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тоа нема значително да го промени текот на нашата специјална воена операција. Ние ќе ја постигнеме нашата цел. Но тоа ќе предизвика повеќе проблеми за самата Украина“, коментираше портпаролот на рускиот претседател на барање на новинарите акредитирани во Кремљ.
Песков притоа истакна дека практиката на Соединетите држави и Европската унија по ова прашање однапред веќе била јасна и предвидлива, што значи дека руската војска е подготвена за таквите опции.
Соединетите држави тајно ѝ доставуваа проектили со долг дострел на Украина во последните неколку седмици, која досега двапати ги користела, изјави во средата за Reuters американски официјален претставник. Ракетите првпат биле употребени на 17-ти април во напад на аеродромот на црноморскиот полуостров Крим, кој се наоѓа на околу 165 километри од украинските линии на фронтот, открива неименуваниот американски функционер.
„Штом некој ќе почне да зборува за нешто детално, тоа значи дека таквата испорака веќе е извршена. Ова значи дека степенот до кој овие испораки биле извршени и исплатени со нарушување на внатрешните закони на САД, секако, не е наше прашање“, додаде Песков.
Посочи дека тоа прашање треба да им се постави на американските конгресмени и сенатори, „доколку некој сака да се занимава со тоа“.
Претходно во средата извори од Пентагон за агенциите Reuters и РИА потврдија дека американските проектили со долг дострел ATACMS веќе однапред ѝ биле испорачани на Украина и пред законодавците да го изгласаат пакетот за нова воена помош, како што беше наведено, за користење „на суверената украинска територија“.
Според соговорникот на агенцијата, проектилите биле вклучени во пакетот воена помош објавен во март, а во април завршиле во Украина. Медиумите јавуваат дека украинските вооружени сили веќе двапати ги користеле против цели длабоко во руската заднина.
Руската војска од минатата година наведува дека украинските сили си помош на американски инструктори и екипажи употреба на ракети АТАКМС во вооружените сили на Украина, но, според американските медиуми, овојпат испораката првпат вклучувала модификација со радиус на дејство од 300 километри.
Дали да се испрати или не ракетите ATACMS со дострел до 300 километри со месеци беше предмет на дискусии во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, со стравување дека тоа ќе ја предизвика Москва за уште пожестоки напади. Меѓутоа, по неуспехот на ланската украинска противофанзива и напредувањето на руските сили на боиштето го принуди Вашингтон да ги испорача ракетите со споменатиот дострел, откако ланскиот септември на Киев му ги предаде проектилите со среден дострел од 165 километри.