Кремљ: Западот мора да ги земе предвид руските интереси во нуклеарниот договор со Иран

Кремљ во вторникот ги предупреди САД дека треба да обезбедат дека руските национални интереси целосно ќе бидат земени предвид во нуклеарниот договор со Уран, и го нарече „хулиганство“ потегот на жената која упадна во живо на централниот дневник на руската државна телевизија.

Москва и претходно предупреди дека руските интереси во иранскиот нуклеарен договор, од кој САД еднострано се повлекоа во 2018 година, а сега во Виена се прават обиди тој да биде заживеан, може да бидат погодени од западните санкции и дека Вашингтон треб да обезбеди руските национални интереси целосно да бидат земени предвид.

„Санкциите против Русија директно влијаат на интересите на нашата земја во врска со споменатиот договор“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, запрашен во разговорите за обновувањето на иранската нуклеарна програма.

Песков порача дека САД го знаат ставот на Русија и дека „поостеше темата за продолжување на разговоротие, тоа е навистина што за нас е многу важно“.

Портпаролот на Кремљ го опиша како „хулигантсво“ потегот на медиумската работничка која во понеделникот влезе во студиото ода каде во живо се емитуваше централниот весник и со транспарент против руските власти и војната во Украина.

„Кога станува збор за оваа жена, тоа е хулиганство“, рече Пескови и ја пофали телевизијата Прв канал поради „квалитетното, објективно и правовремено“ информирање.