На официјалната интернет страница на Кремљ е објавена целата верзија на водеото од патешествието на рускиот претседател Владимир Путин во јужен Сибир, а како што се наведува во објавата материјалот е објавен поради големиот интерес на јавноста, вклучително и меѓународната, за ова случувње.
Достапни се кусата, околу 6 минути, и целосната од 47 минути, верзии на видеоматеријалот.
Путин на 3 и 4 август престојуваше во посета на рускиот Далечен исток, а попатно направи дводневна пауза од секојдневните обврски во Сибир, каде што се рекреирал со подводен риболов и обичен риболов.
Како што претходно објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин два часа „се бркал со штука“ во едно горско езеро. Кадрите од подводниот лов на рускиот челник кои биле снимени со камера GoPro беа објавени претходниве денови на интернет.
„Владимир Путин на одморот се занимаваше со подводен риболов и ниркање во нуркачки костим, а на маската беше монтирата камера GoPro. Тие кадри заедно со другите фото и видеоматеријали, вклучително и снимките направени со квадрокоптер, се достапни на сајтот kremlin.ru. Поради големиот интерес за престојот на Владимир Путин во Тува, фото и видеоматеријалот се објавени во целост“, пишува на страницата на Кремљ.