Обидите да се искомплицира ситуацијата во Украина и да се внесе „факторот НАТО“ исклучително се опасни, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Како што смета Кремљ, вовлекувањето на НАТО создава дополнителна напнатост, а одлуката да се запрат средбите во рамки на практичната соработка со Русија се коси со здравиот разум.
„Создавањето дополнителни елементи на напнатост ја намалуваат можноста за нормализација на состојбата“, стои во официјалниот коментар на претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевиќ.
Тој рекол дека одлуката на Советот на НАТО да го запре одржувањето на средбата во рамки на соработката со Русија сведочи за „пристрасниот и тенденциозен пристап во анализата на причините и текот на настаните во Украина“.