Кремљ потврди 60 лажни закани со бомби на патот на конвојот на Путин

© РИА Новости / Сергей Гунеев

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Пескови потврди во саботата дека во текот на патувањето на Владимир Путин во неговиот роден Санкт Петербург, каде што зема учество на Културниот форум, таканаречените „телефонски терористи“ повеќе од 60 пати упатиле телефонски повици со најави за поставени бомби, наводно поставени во северната руска престолнина.

Според портпролот на Кремљ, повиците предупредувале за 50 експлозивни направи, коишто наводно биле поставени на трасата на претседателскиот конвој или на местата коишто Владимир Путин требало да ги посети, пренесува агенцијата РИА.

Безбедносната служба сторила сѐ што е возможно во такви ситуации, истакнува портпаролот Дмитриј Песков, забележувајќи дека повиците за поставени бомби сепак не влијаел врз распоредот на претседателот.ж

„Посебно внимание беше посветено на ваквите дејствија да не создадат непотребни непријатности за граѓаните“, додал Песков.

Рекол, исто така, дека извештаите за подметнати експлозиви дошле од странство. Лицата коишто ги извршиле овие телефонски повици сѐ уште не се идентификувани, но според Песков, не треба да има сомневања дека тоа ќе биде сторено.

„Тоа се телефонски хулигани, телефонски терористи, како сакате наречете ги. Порано или подоцна, се разбира, ќе бидат откриени“, порачал портпаролот на Кремљ.

Александар Бортников, ,шеф на безбедносната служба ФСБ, минатиот месец изјави дека властите го знаат идентитетот на одговорните за телефонските закани, а станува збор за четворица руски државјани кои живеат во странство, но имаат „соработници“ во Русија.

Бранот ткн „телефонски тероризам“ ја зафати Русија на 11-ти септември годинава и досега со ваквите закани се опфатени 75 региони. За два месеца во 186 градови се евакуирани повеќе од 2,3 милиони луѓе, од кои повеќе од 250.000 во престолнината Москва. Ниту во еден од случаите заканата со експлозија не се покажала веродостојна. Кон средината на октомври стивнаа ваквите закани, и беа за речиси за двојно се поретки.

Според Федералната служба за безбедност (ФСБ), само во Москва штетата од ваквите телефонски закани изнесувала 150 милиони рубљи, околу 2,5 милиони долари, а последната голема се случи на5-ти ноември.