Креспо ја започнува својата тренерска кариера со Модена

Славниот аргентински напаѓач Ернан Креспо е назначен за нов тренер на Модена.

Креспо со тимот, кој се натпреварува во Серие Б, потпиша едногодишен договор со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Аргентинецот претходно го водеше младинскиот тим на Парма, а Модена ќе биде првиот клуб во неговата тренерска кариера.

Тој како играч настапуваше за Ривер Плата, Лацио, Интер, Челзи, Милан, Џенова и во неколку наврати во Парма.

За репрезентацијата на Аргентина забележа 64 мечеви и постигна 35 голови.