Криел гасен пиштол во торба со двојно дно

Цариниците спречиле шверц на гасен пиштол, минатата недела на граничниот премин Богородица, информираше Царинската управа.

Оружјето било откриено во македонски автобус кој сообраќа на релација Истанбул-Скопје, кој се пријавил за влез во земјава. Пиштолот марка „Блоу“ со калибар од 9 милиметри и 50 парчиња муниција за гасен пиштол „Зубер“со калибар 9 милиметри биле скриени  во двојното дно на патна торба, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот.

Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.