Крим го обвини Киев за напад врз нафтени платформи во Црното Море

Украинските сили од крајбрежната одбрана со проектили ги нападнале пловечките нафтени платформи во Црното Море, објавија во понеделникот властите на полуостровот Крим кој е во состав на Руската Федерација.

„Во овој момент пет лица се спасени а три се повредени“, изјави челникот на Крим, Сергеј Аксенов во видеото објавено на Telegram каналот прецизирајќи дека вкупно имало 12 лица и оти по нападот изведен во 8 часот утрото трае потрагата по другите четири лица во кој се учествуваат патролни чамци и авиони.

Претходно украинскиот пратени Олексиј Хонарченко извези за ракетирањето на производствените нафтени платформи. Украинската армија не го коментираше инцидентот, кој може да предизвика еколошка катастрофа во црноморскиот регион.

Од друга страна, кримската сенаторка, Олга Ковитиди, изјави дека било нападнато нафтеното наоѓалиште „Одеское“, 71 километар од од пристанишниот град Одеса и 150 километри од полуостровот Крим. Според неа три лица се со тешки изгореници, а се трага по седум работници.

Во моментов се испушта гас за прекин на пламенот од платформите, а Ковитиди предупредува дека постоел ризик да биде предизвикана експлозија на складиштата за гас којашто би ја погодила Одеса.

Претпријатието „Черноморнефтегаз“ раноти на девет наоѓалишта за гас, гасни кондензатни и нафта во Црното и во Азовското Море, како и на Крим.

Откако доминантно рускиот црноморски полуостров Крим кој по превратот во Киев во март 2014 година со два референдума со огромно мнозинство гласови над 90 отсто прво ја врати автономијата укината во 1991 година со осамостојувањето на Украина од Советскиот сојуз, а со вториот реши да се присоедини во составот на Руската Федерација од која е издвоен и припоен на Украина во 1954 година во времето на СССР, платформите ги контролира руската војска.