Крим го слави присоединувањето кон Русија

Премиерот на Автономна Република Крим, Сергеј Аксонов и претседателот на Врховниот совет на Крим, Владимир Константинов, ги поздравија учесниците на „празничниот концерт“, што се одржува во Симферопол, посветен на референдумот за статусот на Крим, за донесената одлука за вклучување во составот на Русија, пренесе „РИА Новости“.

„Веќе се е очигледно, ние успеавме, ние победивме! Токму ние, кримчани, за овие две недели го превртевме светот и рековме дека токму ние се враќаме дома, во Русија“, изјавил Константинов.

„Драги пријатели, ви посакувам добредојде во овој најзначаен ден за нас! Ние си одиме дома! Крим – во Русија! Никој нема да ни ја одзеде оваа победа!, додаде Аксонов.

По неговиот говор, беше пуштена химната на Русија, проследена со спектакуларен огномет.