Крим: Голема излезност на референдумот, атмосферата напната

Претседателот на Комисијата на собранието на Крим за подготовка на референдумот, Михаил Малишев, соопштил дека е забележана голема излезност на гласачите на референдумот за судбината на оваа автономна Република.

Гласачките места се отворени во осум часот по локално време.

На украинскиот полуостров Крим на референдум жителите избираат да се присоединат кон Русија и поголема автономија во рамки на Украина.

„Луѓето масовно доаѓаат на гласачките места од рано утро, а тоа не се случило од времето на Советскиот сојуз“, рекол Малишев.

Меѓу првите гласал претседателот на Владата на автономната Република Крим, Сергеј Аксјонов, кој оценил дека гласањето ќе заврши добро.

„Само напред. Се’ ќе заврши добро, нема сомнеж за тоа“, рекол Аксјонов, нарекувајќи го референдумот историски момент.

Инаку, референдумот се одржува во крајно напната атмосфера, бидејќи Западот го смета за незаконски и се заканува со санкции за Москва, за која што гласањето е целосно легитимно.

На гласачките ливчиња прашањата се поставени на руски, украински и кримско- татарски јазик.