Крим и Севастопољ во Уставот на Русија

Руската република Крим и федералниот град Севастопољ се додадени на листата на конституивните ентитети во рускиот Устав.

Новата верзија на Уставот на Руската федерација објавена е денеска на официјалниот интернет портал за информации за законите.

Два нови конституивни ентитети додадени се на листата на Член 65, Третото поглавје на Уставот со кој е дефиниран федералниот државен систем, пренесува Итар Тас.

Крим и Севастопољ се соединија со Русија по рефендумот на кое локалното население се изјасни за отцепување од Украина.

Севастопољ е долгогодишна база на руската Црноморска флота.