Русија денеска го обвини Киев дека не почитува дел од мировниот договор од Минск за конфликтот во источниот дел на Украина и побара од Германија и Фрнација, кои посредуваа во неговото постигнување, да се ангажираат и обезбедат Киев да се придржува кон договореното.
– Земјите кои се гаранти на договорот од Минск… Русија, Германија, Франција… треба да имаат свој дел од одговорноста и да обезбедат одредбите од договорот да се почитуваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој предупреди дека „со игнорирање на едностраното непочитување на договорот нема да се постигне нормализирање на ситуацијата“.
На 12 февруари во белорускиот главен град Минск е усвоен новиот договор за примирје во источниот дел на Украина, по повеќечасовни разговори меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија, како и средби на Контакт групата.