Крим годинава ќе го посетат околу шест милиони туристи што е на исто ниво како лани, предвидува ресорниот министер на таа република Елена Јуриченко.
Таа верува дека Крим, чиешто население на реферндумот одржан на 16 март гласаше за излегување од Украина и присоединување кон Русија, годинава масовно ќе го посетуваат туристи од секаде во светот.
„Веруваме дека годинава руските туристи масовно ќе доаѓаат на Крим и поради тоа сметаме дека вкупниот број на гости нема да биде помал од шест милиони,“ прецизираше Јурченко.
Туристичката сезона на Крим официјално се отвора на 1 мај. За посетителите кои ќе одлучат да престојуваат во бројни хотели и одморалишта најавени се попусти од 10 до 25 отсто во однос на цените во шпцот на сезоната.