Криминалците на слобода, политичките противници во притвор

Поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски кој беше генерал и раководеше со одбраната на Скопје во 2001-та е жртва на прогон и насилно приведен во 4 часот изутрина, а Агим Красниќи кој Скопје го држеше под опсада е на слобода. Бајруш Сејдиу исто така.

Игор Горански првоосомничен во случајот „Детонатор“, осуден за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама на вкупно 13 ипол години затвор, минатата недела е пуштен на слобода.

Судот ги ослободи од обвинение и браќата Георѓиевски од случајот „Ореше“.

Судот во Велес ги ослободи од обвинение Ордан и Љупчо Георѓиевски кои беа обвинети дека извршиле нарачано убиство на 72-годишниот старец од велешко Ореше. По речиси една деценија низ судските лавиринти заврши процесот за двајцата браќа.

По низата ослободени криминалци, следен на списокот на Зоран Заев е и Флорим Малоку, кој бил мозокот на вооружениот грабеж во „Прокредит банка“ во центарот на Скопје, кој се случи на 10 април 2009 година. Тогаш од експозитурата на „Прокредит Банка“ беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со „калашникови“, ранети беа тројца полицајци.

Исто така, за време на грабежот повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Флорим Малоку, кој денес е пуштен на слобода, преку неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, јавно му се заблагодари на македонскиот премиер, Зоран Заев, како и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што пишува тој „лидер на Албанците во Македонија“.