Криминалот што го прави СДС нема да остане неказнет

СДС со притисокот врз Управниот суд и ДИК, за тие да одлучат во за нив посакуваната насока, мисли дека го прикриле поткупот на гласачи, заканите и уцените врз граѓаните, кои тие и нивните активисти ги вршеа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДС и сите прекршители на законите треба да знаат, дека криминалот кој сега го прават нема да остане неказнет.

-Распитот на судиите од Управен суд ,континуираниот притисок и закани упатени директно кон судиите и нивниот интегритет за донесени пресуди или мислења за пресуди кои изминатиот период  ги вршеше СДС и нивната  политичко инструментализирана  алатка СЈО, предизвика истиот да одлучува врз притисок, а не врз основа на закон. Завчера  Управниот суд поради  политичкиот притисок кој во изминатиот период го вршеа, СЈО, СДС и  медиумите блиски до нив, подлегна на  притисокот и реши да ги заобиколи законите и да не дозволи прегласување во ниту  едно избирачко место каде што ВМРО-ДПМНЕ имаше покренато тужби за еклатантни изборни нерегуларности. Медиумската хајка која ја спроведуваа телевизиите блиски до СДС, политичкиот прогон на СЈО, но и притисокот од  раководство на СДС кое јавно повикуваше смена  и  кривична одговорност за судиите кои не беа по нивен партиски терк  во предизборниот период,  се само  неколку од многуте примери за притисоци под кој беше оваа институција но и самите судии во изминатата година, се наведува во партиското соопштение.

Полнење на кутиите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, со однапред заокружени ливчиња за СДС, со методот на т.н. бугарски воз, гласачки ливчиња од Карпош најдени во Велес, најдени  и во Струмица, најдени ливчиња од Врапчиште во Гостивар, гласачки ливчиња со ист сериски број во Ресен, поткуп и агитација пред избирачки места, само го  потврдуваат фактот дека во Република Македонија се случи изборен фалсификат од невиден размери.

-И покрај сите овие докази, Управниот Суд, а претходно и  ДИК, потпаднати под политичкиот притисок на СЈО и СДС, одлучија дека потреба од прегласување нема,  за ниту едно избирачко место. ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека вакво ставање во функција на очигледен изборен криминал кој СДС го прави на  овие локални избори, нема да остане не казнет.Со враќање на правната држава и демократијата, ќе има индивидуална одговорност за секој оној кој го прекршил законот. Изборен криминал од ваков размер не може и не смее да остане не казнет, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.