Криминогената влада на Ковачевски гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на граѓаните

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

Криминогената влада спојува две концесии и дава дозвола за влез на Дестани во Иловица и покрај тоа што немал никакво претходно искуство со ископ на бакар и злато.

Дестани, човек на ДУИ  платил 7 проценти од висината на концесијата за такса и однапред знаел влегува во сигурна бизнис зделка.

Криминогената влада гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на интересите и барањата на граѓаните од струмичко.

Криминалот на СДС и ДУИ стигнува во секој дел од државата.

Скоро две недели владата молчи и мисли дека граѓаните ќе заборават.

Нема ништо од изјавата на Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради. Напротив Ковачевски молчи и бега и не бара одговорност од Крешник Бектеши кој ги излажал министрите на СДС и затоа гласале за спојување на концесиите Иловица-Штука.

Со тоа што Ковачевски и владата дозволиле Дестани да влезе во Иловица, а веднаш потоа македонските институции ја вратиле концесијата, покажува дека истите работат по наредба на СДС и ДУИ.

Криминалците од СДС и ДУИ се однесуваат кон државата како да е нивен сопствен бизнис и туркаат одлуки спротивни на интересите на граѓани.

СДС и ДУИ и сите инволвирани ќе одговараат за сиот криминал.

Одговорноста доаѓа по изборите.