Најавената дигитална Фејсбук валута Либра, е под истрага од регулаторите на ЕУ, објави „Блумберг“, повикувајќи се на документи до кои пристапи организацијата.
– Европската комисија моментно го испитува потенцијалното анти-конкурентно однесување поврзано со Либра, во услови на загриженост дека предложениот платен систем неправедно ќе ги исклучи ривалите – се вели во извештајот.
Либра е глобална криптовалута на Фејсбук, која официјално треба да биде претставена следната година.
Официјалните претставници на ЕУ рекоа дека се загрижени дека Либра може да создаде потенцијално ограничување на конкуренцијата на информациите што се разменуваат и на злоупотребата на податоците на потрошувачите.