Една година откако Вил Смит му влепи шлаканица на сцената на доделувањето на Оскарите, комичарот Крис Рок се шегуваше на сметка на актерот и неговата сопруга во специјалната комедија која во живо беше пренесувана ширум светот и велејќи дека уживал како Смит го тепаат во неговиот последен филм.
Во живо на Netflix во саботата од „Hippodrome Theatre“ во Балтимор, Рок рече дека ја гледал драмата за ропството „Emancipation“ само за да види како Смит „јаде ќотек“, навивајќи со повиците „удри го повторно“ и „го промаши“.
Во март минатата 2022 година Смит се качи на сцената на церемонијата на доделување на филмските награди Оскар и му удри шлаканица на Рок откако комичарот се шегуваше на смета на ќелавоста на Џејд Пинкет Смит, сопругата на актерот. Ѕвездата на филмот „Крал Ричард“ се врати на своето место ви публиката и подоцна ја освои наградата за најдобар актер.
Комичарот рече дека Пинкет Смит предизвикала тензии меѓу нив тројцата, делумно повикувајќи на бојкот на доделувањето на Оскарите во 2016 година, кога Рок исто така беше водител на церемонијата. Пинкет Смит тогаш изјави дека протестира против фактот што Вил Смит и другите црни актери не се номинирани за наградите.
Рок, исто така, изнесе проблеми во бракот за кои актерската двојка Смит јавно зборуваше. Пинкет Смит во 2020 година ја призна аферата којашто ја опиша како „заплет“.
„Немав никакви ‘заплети’. Таа него го повреди многу повеќе отколку тој мене“, рече Рок.
Вил Смит објави писмена изјава по инцидентот со извинување за Крис Рок и за Академијата за филмски уметности и науки која ги доделува Оскарите, ден по шлаканицата. Академијата му забрани на Смит да присуствува на доделувањето на Оскарите следните десет години.