Крис Смолинг е пред преселба во Рома

Неколку еминентни спортски новинари од Италија пренесуваат дека поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг е пред преселба во Рома.

Имено, фудбалерот се поврзува со едногодишна позајмица во „волчицата“ која ќе му плати на Јунајтед околу три милиони евра.

29 годишниот фудбалер веќе се поздравил со своите досегашни колеги и утре ќе се упати во Рим на медицински прегледи. Веднаш откако ќе ги комплетира медицинските прегледи ќе биде презентиран како нов играч на Рома.