Кристијано Роналдо, кој има пет титули во Лигата на шампионите имаше што да каже на темата Барселона и нејзиното отсуство од завршницата во најсилното европско клупско натпреварување во последните четири сезони.
Каталонците последен пат освоија европски пехар во 2015 година, а од тогаш беа трипати елиминирани во четвртфиналето (Атлетико, Јувентус и Рома) и лани во полуфиналето од Ливерпул.
„Барселона е најдобриот пример дека успехот не може да се купи. Трошат многу пари на трансфери, но во последните години не успеаја да ја освојат Лигата на шампионите. Едноставно не функционира тоа така. Освојувањето на ЛШ зависи од многу фактори. Ждрепката, групите, моментот, повредите во тимот и среќата“, изјави Роналдо.
Во трансфер периодот досега Барселона потроши 200 милиони евра, а како засилувања ги донесе Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, Френки де Јонг од Ајакс и голманот Нето од Валенсија.