Кристијано Роналдо останува без орденот?!

Португалија размислува да му ги одземе државните почести на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, откако 33-годишниот фудбалер беше казнет со 17 милиони евра за даночно затајување во Шпанија, изјави претседателот на земјата.

Петкратниот добитник на „Златната топка“ беше награден со „Големиот крст” за своите заслуги за Португалија во 2016, кога националниот тим стана европски шампион, но во вторникот му беше наложено да исплати сума во вредност од 3,57 милиони евра на шпанскиот суд, како дел од скоро 18-те милиони евра, со кои е казнет со даночна измама.

Законот е многу едноставен – зависи од советниците дали судската одлука ќе значи губење на орденот, изјави претседателот Марсело Ребело де Соуса за новинарите.

Му преостанува на актуелниот советник за ордените на честа во Португалија да одлучи дали ќе ги поништи заслугите на Роналдо. Сепак, почестите на Португалецот во неговиот роден град Мадеира не можат да бидат одземени.

Напаѓачот на Јувентус го доби „медалот за чест на Мадеира” во декември 2014, откако беше откриена бронзената статуа во негова чест на локалниот аеродром.

Тука во Мадеира, Кристијано Роналдо секогаш бил сметан за еден добар човек. Тој не е криминалец, изјави регионалниот градоначалник Мигел Албакерки, кој додаде дека Роналдо е најпрестижниот Португалец во светот.