Кристин Лагард останува на чело на ММФ уште пет години

Кристин Лагард ќе остане на функцијата шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) уште 5 години. Од финансиската институција најавија дека Лагард, чиј актуелен мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за позицијата.

Еден кандидат, сегашниот управен директор Кристин Лагард, е номиниран, гласи официјалното соопштение на извршниот одбор на организацијата.

Таа на крајот на минатиот месец изјави дека има намера да остане на функцијата. До вчера, кога истече рокот за поднесување на кандидатури, нема други барања. САД, кои го држат основниот удел во кредитната институција се силен поддржувач на курсот на 60-годишната Лагард во услови на глобална финансиска криза. Таа има поддршката и на многу европски земји.

Кристин Лагард е поранешен министер за економија на Франција, а на оваа функција е од јули 2011-та година. Се очекува извршниот борд да ги исполни брзо преостанатите процедури и да го официјализира изборот на Лагард до почетокот на март.