Критична ситуација со недостиг на вода во Мариупол, се заканува појава на колера

Недостигот од вода за пиење во Мариупол сега е на критично ниво, тврди советникот на градоначалникот. Петро Андрушенко рече дека луѓето мора да се регистрираат за да добијат вода за пиење и можат да ја земат само на секои два дена. Штетата на Мариупол за време на повеќе од два месеци од бомбардирањето е толку голема што повеќето основни услуги, како што се струјата, гасот и водоводот, допрва треба да се обноват.

„Количините на вода порано беа мали, но сега се целосно намалени. Неопходно е да се регистрирате… Наскоро температурите ќе се зголемат, нивото на водата ќе опадне и водата ќе има помалку“, рече тој.

Додаде дека водата што ја обезбедуваат окупаторските власти е со сомнителен квалитет и без вриење, воопшто не може да се конзумира во секојдневниот живот. А, нема каде  да се преврива во куќите, туку  само надвор. Всушност, луѓето ја користат таква какова што е и тоа е истовремено двојна закана.

Андрушенко ги повтори своите предупредувања за епидемии поради големото количество ѓубре и бројот на трупови закопани во плитки гробници низ градот.

„Очекуваме колера иликаква било вирусна епидемија поврзана со гастроинтестиналниот тракт. Поради нехигиенски услови, тоа може да се случи. Најлошото е што на таква болест како дизентерија во сегашните услови и со нефункционален медицински систем, недостигаат лекови, нема лаборатории и се на што сме навикнати, недостигаат и вакцини во Мариупол… Дури и дизентеријата може да убие десетици илјади“, кажа тој.

Засега нема потврдени пријави за дизентерија или други епидемиски заболувања во Мариупол, пренесува Вечерњи лист.

фото: ba.n1info