Критики на предлогот на ЕК за вложувања во гасот и нуклеарната енергија

Предлогот на Европската комисија одредени инвестиции во природниот гас и во нуклеарната енергија да бидат дефинирани како добри за климата, наиде на критики, како и заканата на Австрија за судска постапка.

„Ако овие планови бидат спроведени такви какви што се, ќе подигнеме тужба“, предупреди на Twitter австриската министерка за клима Леоноре Гевеслер, откако ЕК во саботата го објави предлог-заканот.

Предлогот се смета за контроверзен, а доаѓа среде дискустиите за тоа што е всушност „чиста“ енергија.

Поборниците на предлогот тврдат дека електроцентралите на гас, кои се почисте од термоцентралните на јаглен, и дека им помагаат на националните економии на патот кон одржливата иднина. Нуклеарната енергија, исто така, ја сметаат за „зелена“, бидејќи не емитува гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.

Противниците, пак, тврдат дека гасот не е „доволно чист“ и предупредуваат на долгорочните ризици од радиоактивниот отпад од искористувањето на нуклеарната енергија.

Предлогот на ЕК предвидува строги услови за класификувањето на инвестициите како „зелени“.

Инвестициите во нуклеарните централи би се сметале за „зелени“, на пример, само доколку ги користат најновите технолошки стандарди и вклучуваат конкретен план за натамошно ракување со радиоактивниот отпад кои ќе се применат најдоцна до 2050 година, според документите кои на увид ги имала германската новинска агенција DPA.

Гевеслер ја обвини ЕК дека се обидува да ги „озелени“ нуклеарната енергија и придодниот гас, „Нуклеарната енергија е опасна и не е решението во борбата против климатската криза“, истакна австриската министерка.

Во тоа е поддржана и од владејачките германски социјалдемократи.

„Германија би требало да ги искористи сите можности за да го спречи поттикнувањето на овие технологии на европско ниво. Нуклеарната енергија не е одржлива и нема апсолутно никаква економска смисла“, изјави за DPA, Матијас Мирш, заменик на шефот на пратеничката група на SPD во Бундестагот.

Предупредува на трошоците за складирање на нуклеарниот отпад, како дека новите нуклеарни централи не може да бидат финансирани „без големи субвенции“.

„Иднината мора да им припаѓа само на обновливите извори на енергиајта, особено на ниво на ЕУ. Кога субвенциите за нуклеарната енергија би се додале на данокот на јаглерод, резулатот би бил големо искривување на пазарната конкуренција“, вели Мирш чијашто партија ја води владината коалиција со Зелените и либералите.

Светскиот фонд за дивата природа (WWF), исто така, го критикуваше предлогот на Европската унија.

„Се чини дека мотото на Европската комисија за нуклеарната енергија и природниот гас: затворете ги очите и надевајте се на најдоброто“, изјави Матијас Коп, директор за финансии на WWF за Германија.

По повеќемесечни одложувања, Европската комисија им даде на стручните групи од државите челнки само осум работни денови да одговорат на предлог-законот, напоменува Коп, обвинувајќи го Брисел дека сака да ги избегне критиките од научнните кругови.