По поднесената преставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривичен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22 , денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзинитe наводи.
-Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација, посочува правниот тим на Бојан Јовановски.