Кривична пријава против двајца дилери од Гостивар и еден од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 30.06.2021 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.

Исто така ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против уште две лица за ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.З.(23) и А.М.(23), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.03.2021 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило ,,опел вектра“, во кое се превезувале пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.

Додека, на 26.03.2021 полициски службеници извршиле претрес во домот на Џ.З во с.Горна Бањица, при што пронашле и одзеле марихуана, стои во дневниот билтен на МВР.