Kривичнa пријавa против Нефи Усеини и брат му, снимките потврдиле дека го тепале Топалот

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Нефи Усени (45) и неговиот 48-годишен брат И.У. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа извршиле претрес во нивните домови. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Охридската полиција констатирала дека во нападот врз Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, бил употребен пиштол.

Полицијата констатирала дека во нападот врз Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, бил употребен пиштол,

Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во времето кога Топалоски бил нападнат.

Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.