Кривична пријава против шестмина, меѓу кои двајца малолетници, за силување малолетничка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против шест лица од Тетово, меѓу кои и два малолетници, затоа што во текот на јуни 2023 година извршиле обљуба врз малолетничка.

Кривичната пријава е поднесена против Д.К. на 20, Н.Б.,  М.З. и Д.К. тојцата на 18 години, како и против двајца малолетници, сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Пријавените во текот на јуни 2023 извршиле обљуба врз малолетничка, соопшти тетовската полиција.