СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Гостивар и А.Д. (26) од с.Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-На 05.02.2021 на наплатната станица во с.Желино, тетовско, полициски службеници извршиле контрола во автобус, сопственост на правното лице, а управувано од А.Д., кој превезувал патници, при што било констатирано дека пријавените не се придржувале кон здравствените прописи за време на епидемија, според кои исполнетоста на возилото со патници треба да биде максимум 50 отсто од вкупниот капацитет, информира МВР, во редовниот дневен Билтен.