СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишниот М.Т. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Имено, на 6-ти мај годинава, пријавениот коментирал на објава на портал, при што според пријавата „ширел и промовирал насилство“ и „поттикнувал омраза кон група или поединец“.