СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р. (34) од с.Теарце, тетовско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
-На 30.10.2020 околу 23.50 часот, од страна на полициски службеници при СВР Тетово на ул. „Македонска“ во с.Теарце било констатирано дека угостителски објект сопственост на С.Р., работел и во истиот биле затекнати осум гости, кои биле послужени со храна и пијалаоци, со што пријавениот постапил спротивно на одлука на Владата која се однесува на ограничување на работата на угостителските објекти – информираат од МВР.