Кривична пријава за жена ширење „расистички и ксенофобичен материјал“ на социјална мрежа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 42-годишната С.А. од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 19.12.2022 пријавената, на социјалната мрежа Facebook, во коментарите на својот објавен текст, промовирала омраза, се наведува во соопштението на Министерствто за внатрешни работи без опис за споранта содржина на објавата.