Кривична пријава против струмичанец кој фалсификувал документи за кредит

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Ф.(38) од Струмица, за сторено кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“. На 07.05.2014 година, во банка во Струмица истиот при поднесување барање за добивање кредит приложил фалсификувани документи дека е вработен во ЈП „Македонски Шуми“-Струмица, по што кредитот му бил одобрен и му биле исплатени 307.813 денари.

По доставување на административна забрана на плата до ЈП „Македонски Шуми“-Струмица истата била вратена во банката со напомена дека такво лице нема вработено во ова јавно претпријатие. На овој начин, пријавениот ја оштетил банката за горенаведениот износ.