
СВР Охрид поднесе кривична пријава за поранешниот директор на ”Проаква” –Струга за злоупотреба на службената должност и овластување.
Осомничениот Б.Т. (53) се товари дека во 2009 година, кога бил на функцијата директор, го довел до заблуда Управниот одбор, дека претпријатието РЕ “Водовод”- Охрид е во тешка финансиска состојба и дека по потребно да се прогласат за технолошки вишок 23 лица. На вработените потребно било да им се испатат 60 плати, како и секој од нив да биде обештетен со по 8.000 денари.
Со оваа постапка, поранешниот директор го оштетил претпријатието за 6.356.671 денари или 591 илјада евра.