![policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/policija.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Од Министерството за внатрешни работи попладнево соопштија дека поднесена е кривична пријава против битолчанец за закани со пиштол кон поранешна девојка и нејзината мајка.
– ОВР – Кичево поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.К., поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, се наведува во соопштението.
На 31 јули во домот на неговата поранешна девојка, пријавениот упатувал закани со пиштол кон неа и нејзината мајка.
– Од извршен преглед кај него, бил пронајден и одземен пиштол ЦЗ 7.65 со празна рамка, додека во возилото што го управувал, била пронајдена и одземена кутија со куршуми калибар 7.65мм, пишува во соопштението на МВР.