Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Б. од тетовска Голема Речица и неговиот брат 40-годишниот Л.Б. од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во петокот, во периодот од 9 до 9,30 часот на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот 45-годишниот А.Е..
Двајцата браќа се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово.
Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.