Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп” по член 357 од КЗ.
-Имено, полициските службеници на 16.06.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари, информира МВР.
Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а истите ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка.