
Кривична пријава е поднесена против правниот субјект-Кабловска телевизија “CABLECALL“ Дебар како и против управителот А.Т.(40) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.
Како што соопшти МВР од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите на фирмата во Дебар, констатирано е дека во текот на 2014 година, на два компјутери инсталирале, употребиле и користеле туѓ софтвер Windows ХР заштитен со патент од фирмата Microsoft.
Со тоа, пријавените фирмата ја оштетиле во износ од 21.000 денари и противправно стекнале иста парична имотна корист.